Партнерите од проектот „Образование за урбано земјоделство за одржлива иднина“ во изминатите месеци подготвија неколку кратки видеа со кои ќе се обидат да ги едуцираат граѓаните и да ги популаризираат идеите за предностите и придобивките од развивањето на културата на урбано градинарство во четирите држави опфатени со проектот.
Овие визуелни материјали се наменети првенствено за возрасни граѓани во овие држави, и може да им користат на луѓето што живеат во урбаните средини, организаторите на курсеви наменети за возрасни лица, образовните институции и локалните граѓански здруженија кои работат во областа на животната средина и урбаното земјоделство.
Тие се создадени како дел од иновативните образовни ресурси кои ќе бидат резултати од заедничкото ангажирање на Форум ЦСИД, Србија Органика, Еко-Задар и Бугарската Школа за Политика „Димитри Паница“, четири искусни организации од Северна Македонија, Бугарија, Хрватска и Србија кои ги истражуват образовното, економското, социјалното и еколошкото влијание на урбаното градинарство врз општеството.
Сите видеа може да се видат на следнава адреса: https://www.youtube.com/playlist?list=PLv2ISTcgwkxIcVVZbzp8mCWiwHDXOyYch
„Образование за урбано земјоделство за одржлива иднина“ е проект финансиран од ЕУ преку програмата Еразмус + (Партнерства за соработка во полето на образование за возрасни)