Добра земја / Скопје, Македонија
„Добра земја“ е прва потрошувачка задруга во Македонија, регистрирана во 2015 година. Како основачи на задругата, загрижени сме за социјалните процеси во Северна Македонија, нивното влијание врз здравјето на луѓето, распрснувањето на локалните заедници и задушувањето на локалните иницијативи. Главниот „чадор“ што го гледаме е загадувањето и несовесното (неразумно) користење на природните ресурси и нивното бесконечно загадување.
Свесноста за сегашните и идните влијанија на овие факти врз нас и на нашето непосредно опкружување беше иницијација да се формира организација која ќе се обиде да биде добар пример на многу полиња на нашето постоење и во однос на храната, најмногу затоа што веруваме дека не постои друга опција. Да се прави компромис со личното здравје и здравјето на нашата заедница – веќе е недопустливо.
Во зависност од аспект на гледање на „успехот“, ние не се разликуваме меѓу себе во однос на она што внатрешно го чувствуваме за „тоа што треба да биде“. Не сме оптоварени со „растеж“ и акумулација на профит, и поради тоа сме со огромна предност во однос на правецот на постоење според моделот (на задруга), за кој веруваме дека може да реши многу постоечки проблеми во однос на понудата и производството на храната денес.
Проблемите со кои се справуваме во нашата работа (нашите „слаби точки“) се испреплетени со повеќе науки/дисциплини кои можеби се обединуваат во изразот „еколошки и социјално одржливи системи за суверенитет на локалната храна“. Поставуваме темели на организација која ќе биде организирана колку што е можно повеќе хоризонтално, транспарентно и социјално ориентирана. Ние постоиме за да поставиме алтернатива на постоечкиот систем на производство, дистрибуција и потрошувачка на локалната храна
Се занимаваме со:
- Суверенитет на храната – кој модел обезбедува здрави локални заедници засновани на меѓусебна поврзаност и доверба преку заштита на природата?
- Зошто локалните производители не се оние на кои се темели нашиот систем на храна?
- Директна врска на потрошувачите со производителите – скратување на ланецот на снабдување и загадување, доверба, социјална кохезија.
- Јавни градини и компост
- Зголемување на јавната свест за градинарството и локалното производство на храна (со најмалку влијание врз животната средина)
- Компостирање на сите био-отпадоци
- Рециклирање, повторна употреба на материјали
- Намалување на отпадот при испорака на производи
- Намалување на загадувањето предизвикано од транспорт на производи
Како го правиме ова?
Организираме продажба на македонски органски производи на два начина:
- Преку неделна органска количка за членови
- За потрошувачи кои не се членки на задругата (во продавницата на задругата во Тафталиџе).
Донесуваме одлуки колективно, се обидуваме да бидеме што е можно по транспарентни, а профитот (доколку го има) ќе се користи исклучиво за поддршка на идејата за која сме формирани – повеќе луѓе во Северна Македонија да консумираат локални органски тестирани производи.
Производителите (особено малите) во Северна Македонија не продаваат производи директно на потрошувачите (тоа е дополнителна обврска покрај производството, за кое често немаат вештини). Задругата им помага да добијат директен пристап до потрошувачите и пазарот за да ги нудат своите производи. На пазарот доминираат големи дистрибутери и синџири на супермаркети кои додаваат маржа и ги диктираат правилата во однос на цената, условите и количините на производите. На овој начин, малите органски производители се маргинализирани, а пазарот не им е достапен. Но, тие можат да придонесат и да ги произведуваат најздравите и најквалитетните органски производи.
Добра земја е прва продавница во Македонија која ја напушти употребата на пластични кеси.
Прво место на Наградата за социјално влијание 2015 година
Прво место на регионалниот натпревар за зелени бизниси – Филантрофија
www.dobrazemja.org
info@dobrazemja.org
https://www.facebook.com/dobrazemjа