Здружението „Еко-Задар“ е основано еден ден пред „Денот на Земјата“ во 1999 година од страна на група ентузијасти со цел да се промовира органското земјоделство, но и да се едуцира локалното општество за придобивките од производството на органска храна т.е. органско земјоделство како единствен начин на одржливо земјоделство што е корисно за здравјето на луѓето, но и за животната средина, почвата и водата. За таа цел, организацијата повремено организира предавања на кои се промовираат различни форми на еколошко одржливо земјоделство, било да е тоа органско, или засновано врз принципите на пермакултура, или дури и ајурведското земјоделство. Оттогаш „Еко-Задар“ ги поддржува локалните производители на храна и други локални производители од мали размери, и во последната деценија организираше по четири саеми за локални производи годишно. Од 2016 година, организацијата вложува напори за развој на веб-страницата на alterpoljoprivreda.com со цел да обезбеди мрежно мрежно поврзување меѓу земјоделците и нивните клиенти. Оваа веб-страница им дава можност на локалните земјоделци бесплатно да ги промовираат своите производи.

Како што организацијата растеше и се придружуваа нови членки, се акцентираше повеќе заштита на животната средина. Во 2003 година, „Еко-Задар“ стана една од хрватските невладини организации кои нудат „зелена“ телефонска услуга и нашите активисти сè уште ја вршат таа работа секојдневно. Услугата се состои во помагање на граѓаните во решавање на проблемите со животната средина во нивното соседство. Во исто време, организацијата започна да се справува со проблемот на управувањето со отпадот, и разви многу работилници за промовирање на ре-употреба, рециклирање и еколошки стил на живот кај децата и возрасните.

Во 2013 година, организацијата дополнително го прошири подрачјето на активности што се фокусираат на промоција и застапување на целите за одржлив развој. За таа цел, „Еко-Задар“ ги зајакна новите партнерства со локалните засегнати страни и започна да спроведува проекти со цел промовирање на вработување и самовработување во руралните области, за промоција на волонтирањето, енергетската ефикасност и инклузивното управување и поддршка на развојот на граѓанското општество.

Адреса:

“Еко – Задар”

Шпире Брусине 12,

23000 Задар, Хрватска

Тел.: +385 23 300 119, +385 23 300 120

e-mail: desk@ekozadar.hr

www.ekozadar.hr

facebook.com/EkoZadar