Македонијa Експорт со своите два главни оддела, бренд менаџмент и развој на бренд, е присутен на пазарот од 2006 година. Главната визија е развој на светски познати брендови и бизниси преку креирање на стратегии за раст, идентификување на опции за проширување на можностите за вмрежување, скрининг за бизнис потреби, и следење на напредокот на брендот и деловното работење.
Бренд менаџмент
Овој оддел обезбедува услуги за бренд менаџмент, како што се:
– дизајнирање и имплементација на стратегии за бренд менаџмент
– маркетинг истражувања
– дефинирање на вредноста на производот
– избор на бренд елементи (име, лого, визуелен идентитет, пароли и сл.);
– дефинирање на елементи за визуелен идентитет
– (ре)позиционирање на брендот
– креирање на промотивни и комуникациски активности
Главната цел на овој оддел е зголемување на свесноста за постоење на брендот, капиталот на брендот и неговото постоење на пазарот, како во национални така и светски рамки, како и зголемување на бизнисите на брендовите (во обем и вредност) со намера за постигнување на профитните проекции за бизнисите. Покрај поддршка за развој на брендовите, овој оддела има развиено сопствено бренд портфолио.
Портфолио на брендови:
Tip Of The Week – (www.tipoftheweek.co) – Прирачник за личен и професионален развој -дистрибуирани во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска и продадени во повеќе од 30.000 примероци.
MONDIVI – (www.mondivi.mk) – линија на високо квалитетен и софистициран мебел (финални производи и тапацир) со уникатен стил и дизајн произведен според најнова технологија и материјали од познати добавувачи.
KOBIL – производна фирма, основана во 1990 година и представува иноватор во производството на енергетски ефикасни градежни материјали и префабрикувани системи за сува градба. Нашата компанија своите компетитивности и знаења во префабрикуваните градежни материјали ги црпи од тридецениското работење во изведба на челични конструкции и термоизолацини панели.
МАМА’s – (www.mamasfood.mk) – Традиционални домашни производи – бренд што го развивме и позициониравме во 40 земји во светот.
Одделение за развој на бизнис
Комбинацијата од нашето теоретско знаење и практично искуство како наша најистакната конкурентна предност нè предизвикува да нудиме услуги прилагодени на барањата и на нашите клиенти и решенија за секоја сложена ситуација.
Нашето портфолио на услуги е така дизајнирано со цел совпаѓање на нашата главна експертиза и компетентност, со цел помагање на компаниите за постигнување на нивниот максимален потенцијал.
- Развој на архитектура на брендот: Може да го имате најдобриот производ, но на крајот на денот, брендот е она по што луѓето ќе ве паметат. Ние веруваме дека секој бренд има своја душа и карактер што треба да се оживее. Разбирање на севкупните бизнис цели и стратегии на компанијата, анализирање на тековното позиционирање на брендот, неговата вредност, името и миџот на брендот, визуелниот концепт, го инспирира нашиот тим на консултанти да користат различни модели и рамки за да развијат успешни и светски познати брендови што ќе ги надминат вашите очекувања.
- Развој на бизнис
- Развој на стратегија: Она кон што ние се стремиме да го постигнеме е избор на вистинската стратегија.
- Развој на маркетинг стратегија: Маркетингот за нас не претставува само рекламирање и генерирање на контакти. Развој на маркетинг стратегија е цел процес на воспоставување врски на компанијата со нејзините клиенти. Ние го нудиме најдоброто решение за продажба на вашиот производ, дефинирање на вистинскиот пазарен потенцијал и (ре)позиционирање на вашиот производ.
- Развој на стратегија за продажба и извоз: Ако веќе имате силно присуство на националниот пазар, а планирате настап на нови пазари и одржување на стапката на раст на меѓународниот паза со наоѓање потенцијални пазари и партнери, одлуката дали вашиот производ е конкурентен на пазарот препуштете ни ја нам. Нашиот тим од експерти за продажба има разни алатки за генерирање на нови контакти, квалификација на потенцијални партнери, подготовка на процесот на продажба и извор, и континуирана асистенција во текот на тој период.
- Контактирање со потенцијални деловни партнери
- Тренинзи: Тренинзите и консултациите кои им ги даваме на нашите клинти се строго во кординација со нивните потреби. Се со цел остварување на високи резултати, ние ги прилагодуваме алатките, пристапот и методологијата во однос на структурата на организацијата и луѓето кои што се инволвирани во овој процес. Нашите тренинзи вклучуваат сет од когнитивни вештини, сет од комуникациски вештини, едукација и техники на набљудување. Нашите обучувачи и консултанти имаат долгогодишно работно искуство со проекти од различни индустрии.
MACEDONIA-EXPORT
Козле 1б
1000 Скопје, Македонија
contact@macedonia-export.com
тел/факс: +389 2 31 21 907
моб: +389 71 36 97 57
www.macedonia-export.com Join us online: Twitter I Facebook
www.tipoftheweek.co Join us online: Twitter I Facebook
www.kobil.mk Join us online: Facebook
www.mondivi.mk Join us online: Facebook