ПРОЕКТ

Иновативна платформа за органско земјоделство е проект финансиран од програмата Еразмус + на Европската комисија (Клучна акција КА2 – 204 – стратешки партнерства за образование на возрасни) и обединува организации од различни земји кои ќе соработуваат заедно за развој на нови и иновативни ресурси во корист на граѓаните, поточно земјоделците, даватели на образовни услуги за возрасни, локални ГО кои работат на полето на земјоделството и животната средина. Во фокусот на овој партнерски проект е образованието на возрасни за производство на органска храна. Форум ЦСИД е водечка организација во партнерство со Србија Органика (Србија), Еко-Задар (Хрватска), Бугарската школа за политика „Димитри Паница“, Македонија-Експорт (Северна Македонија) и Наша Добра Земја (Северна Македонија).

Главната цел на овој проект е да се зголеми знаењето на давателите на образовни услуги за возрасни за органско производство, маркетинг и брендирање на производи преку нова и иновативна наставна програма.

Специфични цели се: обезбедување работни места и профитабилност преку органско производство управувано од пазарот и можности за напредок преку органско земјоделство. Една од целите на овој проект е да ги научи и обучи новите претприемачи да планираат и да воспостават одржливи земјоделски бизниси или да ги унапредат своите кариери. Обуките ќе обезбедат дополнително образование за обучувачите за возрасни да организираат курсеви за лица кои сакаат да започнат и развиваат органска фарма, но и за искусни  земјоделци кои сакаат да конвертитаат од конвенционално во органско земјоделство или да стекнат работни вештини за да ги зголемат своите можности за градење кариера во земјоделството.

Целите на овој проект ќе бидат постигнати преку големо истражување и креирање на една основна студија за моменталната состојба со органското земјоделство во сите земји вклучени во проектот; обуки за возрасни и даватели на образовни услуги за возрасни кои ќе им овозможат да организираат курсеви, со стекнување нови вештини за започнување органско производство и брендирање на производи; развивање на нови иновативни наставни програми и прирачници за органско земјоделство и маркетинг како (тие ќе бидат бесплатни и ќе можат да се преземаат во PDF формат), и отворена едукативна мрежа за возрасни ученици за производство на органска храна и претприемништво. Иновативната платформа за органско земјоделство ќе обезбеди широк спектар на практични знаења за органски земјоделци и обучувачи за возрасни кои ќе помогнат во подобрување на земјоделските практики. Целни групи се даватели на курсеви за возрасни и помали земјоделски производители и локални граѓански организации.