Националното здружение за развој на органско производство „Србија Органика“ е независна, невладина и непрофитна граѓанска организација. Основана е во 2009 година на иницијатива на Министерството за земјоделство и заинтересирани страни од органскиот сектор како чадор -здружение што ќе го поддржи органскиот развој и ќе го промовира органското земјоделство во Србија. „Србија Органика“ се придружува на целиот органски сектор на територија на Србија (производители, преработувачи, дистрибутери, тела за сертификација, здруженија, центри, образовни и научни институции). Покрај тоа, Србија Органика е стратешки партнер на владини и странски институции во проекти поврзани со координација и усогласување на органското земјоделство во Србија.
Наша мисија е да го направиме органското земјоделство стабилно и конкурентно на националниот и на меѓународниот пазар. Србија Органика е фокaлна точка кога станува збор за информации за органско земјоделство и нуди можности за поврзување. Покрај тоа, здружението спроведува истражување на пазарот и ги олеснува врските со странските купувачи. Како национално здружение ние промовираме истражување и развој на органското земјоделство и ангажираме експерти во секторот, а покрај тоа спроведуваме и разни промотивни кампањи за подигање на свеста со цел да развиваме, унапредуваме и дистрибуираме информации за органско производство. Имајќи ја предвид нашата позиција, имаме пристап до информации поврзани со целиот органски сектор на Србија. Нашите активности се составен дел на Националниот план за развој на органско производство во Србија (составен дел на Националниот план за рурален развој на Република Србија). Србија Органика има за цел да ги опфати сите елементи со крајна цел да ги промовира вредностите на органското производство.
„Србија Органика“ соработува со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство:
- дава совети поврзани со законодавството и заедничко промовирање на органското производство,
- бура од идеи (brainstorming) и размена на искуства во секторот органско производство,
- активно учество во обуки и обезбедување на податоци за земјоделски домаќинства во врска со важноста и можностите на органското производство итн.
„Србија Органика“ е член на меѓународните организации како Меѓународната федерација на органски земјоделски движења, Меѓународно здружение за истражување на органско земјоделство и Дунав Соја.
СРБИЈА ОРГАНИКА
ИНФО центар:
Ул. Бојанска, бр. 19
11000 Белград, Република Србија
Телефон: +381 (0) 11 3283-085
Моб: +381 (0) 65 855‐68‐68
Факс: +381 (0) 11 3283‑0‐85
Е-пошта: office@serbiaorganica.org
Веб-страница: www.serbiaorganica.info