Бугарија: Бум на органско земјоделство

Последни случувања

Значителен раст на органското земјоделство се случи помеѓу 2009–2010 година во Бугарија. Сертифицираното земјиште двојно се зголеми во 2009 и 2010 година. За ова време, бројот на оператори (производители, преработувачи, извозници, увозници) се зголеми за 76 проценти, а најголем раст се забележа кај култивираните маслодајни семиња кои се зголемија за четири пати. Површината за лековити и ароматични растенија и јаткасти плодови се зголеми за повеќе од 50 проценти, а на житарки и зеленчук двојно се зголеми.

Развојот на органското земјоделство во Бугарија во периодот 2002 – 2010
Извор: Биоселена и Министерсво за земјоделство и храна на Бугарија

Пресвртници во развојот на органското земјоделство Бугарија

– 1993 година: Првата органска пилот-фарма (8 хектари) е основана на фармата на Аграрниот универзитет во Пловдив.

– 1996–2000: Први интензивни активности за развој на органско земјоделство во Бугарија, како што се обуки за земјоделците, објавување литература и подготовка на националното законодавство. Проектот „Развој на органско земјоделство во регионот на Централниот Балкан“ беше финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и имплементиран од Институтот за истражување на органско земјоделство (FiBL) и Биоселена (www.bioselena.com).

– 2000-2004: Се случија првите чекори во органското земјоделство во Бугарија. Воспоставување на национално законодавство за органско (одредби 22 и 35), прв национален фестивал за органско земјоделство, прва сертифицирана фарма; во 2003 година, Бугарија за прв пат учествуваше на Саемот за органска трговија BioFach; во 2004 година е основана првата специјализирана органска продавница во Софија.

– 2005-2008 година: Органските производи станаа достапни во бугарските продавници. Во 2005 г. органска храна се појави за прв пат во супермаркетите во Софија; во 2007 година, органската храна стана достапна за прв пат во продавниците надвор од Софија; во 2008 година, органскиот бум започнува со повеќе од 1 500 продавници што продаваат органски производи; во ова време се појави и првата ТВ-реклама за органска храна.

– 2009–2010 година: Економска криза и консолидација на секторот: Органските земјоделци започнаа да примаат исплати од владата; формирано е здружение на органски земјоделци; формирано е здружение на трговци со органска храна; органското земјоделство во Бугарија започнува да се развива во вистински економски сектор.

Податоци за производство и трговски оператори

На крајот на 2010 година, органски се одгледуваше на 25 4648 хектари, што претставува 0,47% од вкупното корисно обработливо земјиште во Бугарија. Главни култивирани култури беа ароматичните и лековити растенија, ситно овошје и ореви. Бугарското органско земјоделство се состои од големи површини, сертифицирани за собирање на диви плодови, билки и печурки. Органското одгледување на животни сè уште беше недоволно развиено во 2010 година, со само мал број на овластени фарми и животни. Во однос на органското пчеларство, на крајот на 2010 година имало 46.429 органски  пчеларници. Бугарија има десет овластени компании за контрола и сертифицирање на органското земјоделство. Само една од нив е бугарска компанија, а останатите имаат најголем удел на пазарот.

Клучни институции / организации

– Министерство за земјоделство и храна, одделение за органско земјоделство при Дирекцијата за растително производство. Оваа единица има четири вработени. Клучна улога на дирекцијата е супервизија на работата на контролните тела.

– Комисија за органско земјоделство при министерството за земјоделство и храна која се состои од претставници на производители, трговци со органски производи, истражувачки и консултантски организации и структури на Министерството. Опсегот на активности на комисијата е да ги одобри контролните органи во земјата, како и да донесува одлуки во врска со времетраењето на периодот на транзиција.

– Државниот земјоделскиот фонд прифаќа и обработува апликации за поддршка на органски земјоделци, врши проверки на фармите и е надлежен за плаќањата.

– Бугарското здружение за органски производи е национално органско здружение составено од членови главно од производители и единици за преработка. Основано е во 2010 година.

– Здружението на трговци со органски производи има дваесет и една деловна активност како членка (главно увозници).

– Фондацијата за органско земјоделство „Биоселена“ нуди стручен совет за производителите и единиците за преработка на органска храна, како и стручна обука во органското земјоделство. Издава литература за органско земјоделство на бугарски јазик, промовира органско земјоделство кај земјоделците и креаторите на политиките, како и органската храна кај потрошувачите.

– Аграрниот универзитет во Пловдив е единствениот универзитет во Бугарија што нуди курсеви за магистерски студии по органско земјоделство. Исто така има органска фарма од девет хектари.

Пазар и трговија

Повеќето органски производи (околу 90%) се извезуваат во Централно и Западноевропските земји, Северна Америка и Јапонија. Нема официјални податоци за извозот. Локалниот пазар започна да се развива брзо од 2007 година. Бугарија сега има над 2.000 продавници кои продаваат органска храна. Лидерите на пазарот се храната за бебиња и млечни производи (млеко, јогурт, сирење). Не постои официјална статистика за продажба. Според неофицијални информации, пазарот на органски производи во Бугарија се движи меѓу шест до осум милиони евра. Околу 90 проценти од органските производи што се продаваат во Бугарија се увезуваат од Европската унија. Нема увоз од трети земји.

Законодавство

„Законот за примена на општите организации на пазарите на земјоделски производи во ЕУ“ го уредува органското земјоделство во Бугарија. Термините „био“, „еко“ и „органско“ се заштитени со закон, но само за храна произведена во согласност со барањата за органско земјоделство. Деталните правила за производство, преработка и етикетирање се утврдени во Европската регулатива бр. 834/2007 од 28 јуни 2007 година. Исто така, некои од надлежните органи за сертификација нудат сертификација според приватните стандарди (на пример, Био Свис).

Владина поддршка / соработка за развој

Поддршката на владата е ограничена на финансиска поддршка на одредени култури за период од пет години. Поддршката е дадена според мерката 214 од Програмата за рурален развој.

Истражување, совети и обука

Специјализираните консултантски организации, како што е Биоселена, им нудат совети на земјоделците во однос на плаќањата. Некои од истражувачите нудат и консултантски услуги. Трговците со ѓубрива и производи за заштита на растенија, исто така, нудат совети. Аграрниот универзитет во Пловдив нуди факултативна академска програма од 30 часа за студентите, како и програми за магистерски студии во органско земјоделство. Биоселена нуди професионална обука во органското земјоделство за земјоделците.

Корисни линкови:

– www.mzh.government.bg/mzh/en/Home.aspx: Ministry of Agriculture and Food

– www.prsr.government.bg/index.php/en: Rural Development program 2007-2013

– www.dfz.bg/en: State Fund Agriculture

– www.bgbio.org: Bulgarian Organic Products Association

– www.abt-bulgaria.org: Association of organic traders

– www.bioselena.com/en: Foundation for organic agriculture Bioselena

– www.au-plovdiv.bg/en: Agricultural University of Plovdiv

 

Автор: Др. Стоилко Апостолов, Менаџер на  ФБЗ Биоселена 4300 Карлово, https://bioselena.com/