Органско земјоделие

Како и за се, така и за органското земјоделие има многу дефиниции. Скофилд (1986) истакнува дека концептот на “целосност” во органското земјоделие препоставува “системска поврзаност” и координација на деловите во нивната целина. Нортборн (1940), човекот кој е запишан како првиот кој го има употребено терминот органско земјоделие промовирал општество создадено од мали, само доволни делови (целини) наспроти големи имперсонални – тој има големо значење и денеска во она што активистичките движења за зачувување на животната средина низ светот го пропагираат како цел и вредност.

Според Лампкин (1994) целта во органското земјоделие е да се создаде интегриран, хуман, систем одржлив за околината, економијата кој ја зголемува поврзаноста кон извори на енергија произлезени од самата фарма, како и менаџмент на еколошки и биолошки процески и поврзаности, со цел да обезбедат прифатливи количини на род, задоволени потреби за човекова исхрана, заштита од штетници и болсти.

Принципите на органското производство и процесирање според ИФОАМ (Интернационалната федерација на движењата на органско земјоделие)

Органското земјодели е/треба:

  • Да произведе храна во доволни количини со добар квалитет
  • Конструктивно да се поврзе со природните циклуси и системи изнудувајќи живот.
  • Да поддржи и зголеми биолошки циклуси на фармите, вклучително микро организми, почва, фауна, растенија и животни.
  • Да развие вреден и одржлив аква еко систем.
  • Да ја одржи и долгорочно подобри плодноста на почвите.
  • Да ја одржи генетската различност на околината, вклучувајќи ја заштитата на растенијата и животните.
  • Да ја промовира здравата употреба на водите, водените ресурси и сиот живот во неа.
  • Да употребува, колку е можно повеќе, обновливи извори на локално органиирани производствени системи. Да создава хармоничен баланс помеѓу производството на растенија и животни.
  • Да ги обезбеди сите потребни услови за живот на животните со должна почит кон нивните основни внатрешни потреби.
  • Да ги намали сите извори на загадување.
  • Да процесира органска храна употребувајќи обновливи ресурси. Да произведува целосно био разгладлици органски производи.
  • Да произведе материјали кои се со долг рок на употреба и со добар квалитет.
  • Да напредува кон целосно производство, процесирање и ланец на дистрибуција којшто поеднакво е фер и еколошки одговорен.