Органско земјоделие, регулатива и одржливост

Постојат истражувања кои наведуваат како не мора само големи, модерни фарми кои користат тешка механизација и синтетички хемикалии да бидат искучително неодржливи. Постојат случаи (во Грција, Либан, Крит, Северна Африка) на органски фармери кои се уништени поради нискиот приход (и род), поради неодржливи производствени практики. Тоа се фармери чии практики придонеле кон ерозија но биле без сомнеж органски производители, но “органски од небрежност” или не знаење.
Главното прашање е – кој пристап е одржлив во економска и социјална смисла на зборот (дали ќе ни произведе доволно храна за растечкиот број на жители во општествата)?

Ниво на продуктивност на одржливите системи
Денеска прашањето е како да дизајнираме одржливи земјоделски системи кои имаат ниво на продуктивност доволно високо да го одржат моменталниот светскиот демографски тренд на драстичен пораст на популацијата, особено во земјите во развој каде тој е најголем. Дополнително, земено во предвид дека се повеќе жители има во градовите, а се помалку работна сила во пределите каде се практикува земојделие.

Суштинското прашање воопшто и не лежи во тоа кои модели на производство на храна ги практикуваме, туку е многу посуштинско и вплеткано за разрешување – станува збор за светски политички игри за природни ресурси, наметнување на личните (национални, континентални) преференци и позиции наспроти светските и грижата за човешството во целост.
Човештото да биде по одржливо во однос на својата прехрана мора:
• Да ја произведува храната на локациите каде таа е најпотребна (достапност, пристапност, стабилност и корисност на храната)
• Да ги заштите основните човекови права на суверенитет во исхраната и одржливост на биодиверзитетот
• Да ги зачува и обнови почвите и екосистемите и да престане со понатамошна нивна деградација
• Да ја намали зависноста на необновливи извори на гориво
• Да го намали негативносто влијание кон природата и општеството
• Да осигура нутритивна, сигурна и здрава исрхана
• Да создаде реални можности за вработување и заработувачка во руралните средини
• Да обезбди зачувување на екосистемот во локална и глобална смисла.