Втор транснационален состанок

Вториот состанок на проектот Платформа за иновации во органското земјоделство поддржан од Еразмус + програмата се одржа на 21 септември 2020, и започна во 12:00 часот on-line, користејќи ја платформата Zoom. Причината за закажување на состанокот преку on-line е тековната пандемија Ковид 19 и неизвесноста кога ќе заврши. Не сакавме да го одложиме состанокот за следните месеци затоа што имавме важни работи за дискусија во врска со следните планирани активности.
Откако сите учесници се приклучија на состанокот преку линкот што им го испративме, состанокот започна со официјален пречек од извршниот директор на Форум ЦСИД, Слаѓан Пенев и координаторот на проектот, Цветанка Михајловска.
Средбата продолжи со презентација на полугодишниот извештај и дискусија за напредокот на проектот. Разговаравме за целокупната состојба на проектот и за она што го постигнавме досега. Сите изразија задоволство што сите активности беа спроведени на време, без одложувања и што сите учесници ги исполнија своите обврски кон проектот.
Во првиот дел од состанокот разговаравме и за управувањето со проектот и административниот аспект на проектот. Исто така, разговаравме за публицитетот на проектот и за тоа како да се зголеми неговата видливост.
Во вториот дел од состанокот, разговаравме за активностите планирани до следниот состанок: креирање на Наставна програма (курикумум) за органско земјоделство и две обуки (за органско земјоделство и брендирање). Разговаравме за секој аспект на процесот на создавање и спроведување, можните пречки и како да се надминат. Во следните три месеци ќе работиме на Наставната програма. По завршувањето на наставната програма, доколку ситуацијата ни дозволи, ќе организираме две обуки со физичко присуство, во Скопје и Белград. Доколку пандемијата продолжи и во следната година, ќе имаме уште еден состанок за да разговараме дали да ги одржиме обуките on-line или да ги одложиме за неколку месеци, бидејќи Националната агенција не’ извести дека ни е дозволено да направиме пауза во спроведувањето на проект, поради околностите.
Средбата помина во добра атмосфера и сите учествуваа во дискусиите. Се согласивме да одржуваме контакти почесто во следниот период, бидејќи создавањето на следниот заеднички интелектуален труд го бара тоа од нас.