Денови на отворени органски фарми

Србија Органика организира „Денови на отворени органски фарми“ неколку пати годишно за промовирање на органското производство, поддршка на земјоделците и зголемување на јавната свест, особено во урбаните области.

Со поддршка на МЗШВ во рамките на проектот „Земи органско“, во септември се случи овој настан во Западна Србија, на падините на планините кај Ваљево, каде малото село Ваjљвска Каменица беше домаќин на над 40 лица кои посетија две органски фарми.
Прво ги однесовме посетителите кои доаѓаа претежно од Белград, во органската фарма „Едноставно органски“ сместена на ридско подрачје, на надморска височина од 350 метри, опкружена со природно езеро и шума.
Оваа фарма одгледува овошје и зеленчук на скоро 7 хектари, користејќи ги најнапредните агроеколошки методи во затворен систем на производство, без употреба на хемикалии, во хармонија со природните процеси. Производите од оваа фарма се направени во соработка со природата, со холистички, еколошки и етички пристап.

Нашите посетители имаа можност да се запознаат со фармата, да дознаат повеќе за процесот на производство и да уживаат во недопрената природа. Тие исто така купија органски производи од богатата понуда на домаќинството – свежи и преработени сезонски производи: кромид, моркови, пашканат, бел и црвен компир, тиквички, краставици (свежи и кисели), младо цвекло, чај од ливчиња од невен, исушена лаванда.

Друга фарма беше „Органела“ лоцирана исто така во ридско подрачје, органски култивирајќи и произведувајќи на 4,1 хектари. Специфичноста на оваа фарма е езерото и богатството на биодиверзитетот. Фармата е потопена во недопрена природа каде скоро секој ден може да се сретнат елени, зајаци, фазани, штркови, патки, жаби, желки, соколи и разни други животни. Природата обезбедува свеж воздух, чиста вода, здрава и плодна земја.
На фармата се одгледуваат различни сорти овошје и зеленчук и лековити билки. Работејќи во природа прави сè да е полесно, а квалитетот и вкусот се неизбежни.
Сезонската понуда на оваа фарма вклучува – пиперки, домати, јаглици, босилек, блитва, круши, јаболка, сок од коприва, свежа млада коприва, диво нане, како и намази од јагоди и сок од јагоди.