Сертифицираните органски производи се произведени, складирани, преработени, ракувани и продадени во согласност со прецизни технички спецификации (стандарди) и сертифицирани како „органски“ од тело за сертификација. Штом сообразноста со органските стандарди е потврдена од тело за сертификација, на производот му се дава етикета. Оваа етикета може да се разликува во зависност од сертификационото тело, но може да се земе како уверување дека основните елементи кои треба да ги состои еден „органски“ производ се исполнети. Важно е да се напомене дека органската ознака се однесува на производствениот процес, осигурувајќи дека производот е произведен и преработен на еколошки здрав начин. Органската етикета е потврда за процесот на производство за разлика од потврдата за квалитет на производот.
Органски производ
Органската храна е продукт на земјоделски систем кој избегнува употреба на вештачки ѓубрива, пестициди, регулатори на раст и адитиви за добиточна храна. Зрачењето и употребата на генетски модифицирани организми (ГМО) или производи произведени од или со ГМО генерално се забранети со органското законодавство.
Патот на органска храна може да се следи – од фарма до вилушка, па така можете да бидете сигурни што јадете. Стандардите за органска храна се законски утврдени, така што секоја храна етикетирана како органска мора да исполнува строги правила. За разлика од неорганското производство на храна, кое многу користи ѓубрива и пестициди, органската храна се произведува со природни ѓубрива од растенија, помалку енергија и поголема почит кон животните што ја обезбедуваат. Органското земјоделство и производството на храна не е лесно и бара вистинска посветеност и внимание на деталите и е поткрепено со строга, независна инспекција и сертификација.
Предности на органска храна:
• Органското производство содржи помалку пестициди
• Органската храна е често посвежа затоа што не содржи конзерванси кои прават да трае подолго
• Органското земјоделство е подобро за животната средина
• Органски одгледуваните животни НЕ добиваат антибиотици, хормони за раст, и не се хранат со животински нуспроизводи.
Означување
Храната може да биде означена како „органска“ само ако барем 95% од нивните земјоделски состојки ги исполнуваат потребните стандарди. Кај неорганската храна, сите состојки што ги исполнуваат органските стандарди можат да бидат наведени како органски. За да се обезбеди кредибилитет, се обезбедува коден број од организацијата за серфификација.
Органското производство забранува употреба на генетски модифицирани организми и нивни продукти. Сепак, регулативата за генетски модифицирана храна и добиточна храна одредува праг (0,9%) под кој не мора да се наведува содржината на ГМО на производот. Производите со содржина на ГМО под овој праг можат да бидат означени како органски.
Органското лого на ЕУ

Органското лого дава кохерентен визуелен идентитет на органските производи произведени во ЕУ, и продадени во ЕУ. Ова им овозможува на потрошувачите полесно да ги идентификуваат органските производи и им помага на земјоделците да ги пласираат на пазарот во сите земји на ЕУ.
Органското лого може да се користи само на производи кои се одобрени од органите за серфтификација. Ова значи дека тие ги исполниле строгите услови за тоа како се произведуваат, транспортираат и складираат.