На 23 јули 2021, во Задар беше одржан третиот транснационален состанок на кој учествуваа сите партнери во проектот. Домаќини на состанокот беа колегите од организацијата „Еко Задар“.

На состанокот кој се одржа во пријатниот амбиент во дворот на градската библиотека во Задар најпрво беше дискутиран досегашниот тек на проектот и сите постигнувања. Потоа ги дискутиравме можностите за организирање на преостанатите активности, две обуки во Скопје и Белград, и јавните настани на кои ќе бидат презентирани резултатите од проектот организирани во секоја од државите – партнери во проектот.

Се договори првата обука да биде во Скопје од 30 август до 3 септември, а обуката во Белград од 11-15 септември, но заради новонастаната ситуација со наглиот пораст на новозаразените од Ковид 19, обуката во Скопје ќе биде презакажана за друга дата.
Во последниот дел од состанокот дискутиравме за можностите за понатамошна соработка по завршувањето на овој проект.