Од 11-15 септември 2021 се одржа обуката за органско земјоделство во рамки на проектот „Платформа за иновации во органското земјоделство“ во хотелот Кристал во Белград на која присуствуваа 24 учесници од С. Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија. Домаќин беше организацијата Србија Органика од Белград. Предавачи беа експерти и колеги од партнерските организации.


На обуката беше и презентиран прирачникот за органско земјоделство кој беше изработен од врвни експерти, како и курикулумот кој се предвидува да биде користен од обучувачи и организатори на курсеви за возрасни од областа на земјоделието.
