Од 6-10 Октомври во Скопје се одржа обуката „Креирање на бренд план“ во рамки на проектот „Платформа за иновации во органското земјоделство“ поддржана од програмата Еразмус+.
На обуката учествуваа 23 претставници од граѓански организации, органски производители и задруги, како и образовни институции и даватели на образовни услуги од С. Македонија, Бугарија, Хрватска и Србија. Обуката ја организираше Форум ЦСИД во соработка со партнерите во проектот, Македонија – Експорт, и предавачот Петар Лазаров.