Студија за урбано земјоделство во Северна Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија

„Едукација за урбано земјоделско образование за одржлива иднина“ е проект финансиран од ЕУ преку програмата Еразмус + (KA220-ADU – Партнерства за соработка во полето на образование за возрасни) и обединува организации од Северна Македонија, Бугарија, Хрватска и Србија кои соработуваат заедно во развивање на иновативни образовни ресурси кои ќе им користат на граѓаните во урбаните средини, давателите на образование за возрасни, образовните институции и локални граѓански здруженија кои работат во областа на животната средина и урбаното земјоделство. Едукација на возрасните како да креираат урбана градина во урбаните области е во фокусот на ова проект. Форум – Центар за стратешки истражувања и документација е водечка организација
во партнерство со Србија Органика (Србија), Еко Задар (Хрватска) и Бугарската школа за политика „Димитриј Паница“.
Оваа студија е почетната точка на нашиот проект. Целта на ова истражување е да покажме како урбаното земјоделство/градинарството има образовно, економско, социјално и еколошко влијание врз општеството и како урбаното земјоделство/градинарството мотивира вклучување на заедницата. При изработка на студијата се користеа квалитативни и квантитативни пристапи за да се осознае влијанието на урбаното земјоделство. Врз основа на првичните анализи, донесени се заклучоци за моменталната состојба и потребните предуслови за воспоставување и/или проширување на урбаното градинарско движење во земјите кои се дел од проектот. Студијата ги истакнува поголемите иницијативи во регионот како пример за успешни приказни.

Студијата можете да ја преземете тука