НА ОРГАНСКИ НАЧИН
„Органско земјоделство е производствен систем кој го одржува здравјето на почвата, екосистемите и луѓето. Се заснова на еколошки процеси, биолошка разновидност и циклуси прилагодени на локалните услови, наместо употреба на инпути со негативни ефекти. Органското земјоделство ги комбинира традицијата, иновативноста и науката за да се овозможат придобивки за опкружувањето и да промовираат коректни односи и висок квалитет на живот за сите вклучени“ (дефиниција на ИФОАМ). ИФОАМ е Меѓународна федерација на органско земјоделско движење
Органското земјоделство е важно од аспект на заштита на животната средина, биолошката разновидност, зачувување на почвата и плодноста на почвата, здравјето на животните и заштитата на потрошувачите.
Органското земјоделство е начин за производство на храна што ги почитува природните животни циклуси. Го минимизира влијанието на човекот врз животната средина и работи што е можно повеќе по природен пат, во согласност со целите и принципите, вклучувајќи ги следниве:
- Културите се ротираат така што ресурсите на теренот се користат ефикасно
- Хемиски пестициди, синтетички ѓубрива, антибиотици и други супстанции се строго ограничени
- Забранети се генетски модифицирани организми (ГМО),
- Се користат ресурсите кои се наоѓаат на лице место, како што се ѓубриво или добиточна храна што се произведува на фарма
- Се користат растенија отпорни на болести и животински видови прилагодени на локалното опкружување
- Добитокот се одгледува во слободна околина, на отворено и се храни со органска добиточна храна
- Практиките за сточарство се прилагодени на различните видови добиток.
Органско земјоделство ја потенцира употребата на обновливи извори и зачувување на почвата и водата.
Органско земјоделие
Како и за се, така и за органското земјоделие има многу дефиниции. Скофилд (1986) истакнува дека концептот на “целосност” во органското...
Одржливо земјоделство
Според студијата „Значењето на органската храна и огранското земјоделство за здравјето на луѓето“ спроведена од страна на независниот...
Дали органското производство е одржливо?
Што е всушност “органско” производсто на храна? Во последните години зборот органско го гледаме се почесто – и истиот неизбежно добива...
Бугарија: Бум на органско земјоделство
Последни случувања Значителен раст на органското земјоделство се случи помеѓу 2009–2010 година во Бугарија. Сертифицираното земјиште...
Органско земјоделство во контекст на ЕУ
Постојат повеќе од 12 милиони хектари органско производство во ЕУ на преку 200 000 фарми, изјави Јануш Војчичовски, комесар на ЕУ за...
Органска градина: први чекори за почетници
Решивте да одгледувате своја органска градина, но не сте баш сигурни како да започнете? Подготвивме неколку совети кои се однесуваат на...