НА ОРГАНСКИ НАЧИН
„Органско земјоделство е производствен систем кој го одржува здравјето на почвата, екосистемите и луѓето. Се заснова на еколошки процеси, биолошка разновидност и циклуси прилагодени на локалните услови, наместо употреба на инпути со негативни ефекти. Органското земјоделство ги комбинира традицијата, иновативноста и науката за да се овозможат придобивки за опкружувањето и да промовираат коректни односи и висок квалитет на живот за сите вклучени“ (дефиниција на ИФОАМ). ИФОАМ е Меѓународна федерација на органско земјоделско движење
Органското земјоделство е важно од аспект на заштита на животната средина, биолошката разновидност, зачувување на почвата и плодноста на почвата, здравјето на животните и заштитата на потрошувачите.
Органското земјоделство е начин за производство на храна што ги почитува природните животни циклуси. Го минимизира влијанието на човекот врз животната средина и работи што е можно повеќе по природен пат, во согласност со целите и принципите, вклучувајќи ги следниве:
- Културите се ротираат така што ресурсите на теренот се користат ефикасно
- Хемиски пестициди, синтетички ѓубрива, антибиотици и други супстанции се строго ограничени
- Забранети се генетски модифицирани организми (ГМО),
- Се користат ресурсите кои се наоѓаат на лице место, како што се ѓубриво или добиточна храна што се произведува на фарма
- Се користат растенија отпорни на болести и животински видови прилагодени на локалното опкружување
- Добитокот се одгледува во слободна околина, на отворено и се храни со органска добиточна храна
- Практиките за сточарство се прилагодени на различните видови добиток.
Органско земјоделство ја потенцира употребата на обновливи извори и зачувување на почвата и водата.
Прирачници
„Платформа за иновации во органското земјоделство“ е проект финансиран од Програмата Еразмус + на Европската Комисија (Клучна акција 2 -...
Органското производство во светот
Развојот на органското движење во светот: Во 1924 Рудолф Штајнер го одржува првиот „курс“ за органско производство во Кобиерзице, Полска....
Посета на органска фарма во с. Паликура
Чичко Драги е поим за земјоделец. Човек кој со свои раце и свој труд се бори да опстане во земја во која на новитетите се гледа со...
Кои диви билки можете да ги јадете од градината?
Од пролет до есен е прекрасна можност да се ужива во градината, сонцето и благото наговестување на зимата. Во различните сезони, природата...
Органско земјоделие, регулатива и одржливост
Постојат истражувања кои наведуваат како не мора само големи, модерни фарми кои користат тешка механизација и синтетички хемикалии да...
„Извештајот на ООН вели дека органското земјоделство од мали размери е единствениот начин да го нахраниме светот “
„Разбудете се пред да биде доцна“. Малите фарми се единствениот начин да се нахрани светот. „Сега е време да се вратиме на нашите природни...